Згаснува 20th Century Fox

149

Американскиот медиумски гигант, Walt Disney го згаснува 20th Century Fox, што е едно од најпознатите имиња во филмската индустрија, пишува ВВС.

Минатата година, Disney купи поголем дел од уделот на Fox за 71,3 милијарди долари. На почетокот на оваа година, 20th Century Fox беше преименуван во 20th Century Studios.

Инаку, филмското студио 20th Century Fox продуцираше многу популарни филмови, меѓу кои и Аватар и Титаник, а формирано е во 1935 година со спојување на компаниите Twentieth Century и Fox Films.

Од друга страна, Disney има долга традиција во филмската индустрија од 1937 година, почнувајќи со Снежана и седумте џуџиња.

Фото: Facebook