Зголемен прометот во индустријата во јули

13

Прометот во индустријата во јули оваа година, во однос на истиот период лани, е 13,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, бележи пораст од 3,5%, а прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 16,1%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, бележи пораст од 13,5%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 13,1%.

Според главните индустриски групи, прометот во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8,3%, Капитални производи за 14,8%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 14,9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 16,9%.

Прометот во индустријата во јули 2016 година, во однос на јуни 2016 година, е зголемен за 1,7%, додека во периодот јануари – јули 2016 година, во однос на периодот јануари – јули 2015 година, е зголемен за 10,4%.