Турција: Пораст на странските директни инвестиции за 32% во 2015 година

40

istanbul

Странските директни инвестиции (СДИ) во Турција забележаа пораст од 32% во 2015 година, пишува Хуријет.

СДИ минатата година достигнаа ниво од 16,6 милијарди долари, што е најголем износ од 2008 година кога започна финансиската криза, покажуваат податоците на Агенцијата за поддршка и промоција на инвестициите на Турција.

“Околу 51% од ’дупката’ во тековната сметка беше финансирана преку приливот од СДИ. Забележавме повеќе од една милијарда долари прилив на странски директни инвестиции на месечна основа во 2015 година, што е најголем износ откако започна глобалната финансиска криза“, велат од Агенцијата.

Услужниот сектор забележа најголем инпут во странскиот капитал од 6,2 милијарди долари, а потоа следат производниот и енергетскиот сектор. Шпанија, САД и Луксембург се најголемите инвеститори, а по нив следат Холандија, Азербејџан, Белгија, Русија, Велика Британија, Кина и Германија.

“Атрактивноста на земјата во очите на странските инвеститори се очекува да се зголеми и во следниот период со реализација на голем број реформи и мерки за подобрување на инвестиционата клима“, изјави претседателот на агенцијата, Арда Ермут.