По повод светскиот ден посветен на лицата со Даунов синдром, компанијата Тинекс во рамките на платформата Тинекс, ти и јас, ја продолжи својата традиција да биде одговорен партнер на заедницата и општеството во кое работи и делува, и реши да донира финансиски средства на Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром – Трисомија 21 од Скопје.
Во рамките на платформата Тинекс, ти и јас ќе бидат донирани 60.000,00 денари за купување на неопходна опрема за извршување на секојдневните активности на Здружението. Паричната помош има цел да го олесни работењето на Здруженито во напорите за подобрување на квалитетот на живот на лицата со Даунов синдром и нивно активно вклучување во општеството. Исто така, преку покревање на јавната свест за постоењето на луѓе со Даунов синдром ќе се овозможи надминување на предрасудите за потенцијалите на овие лица, како кај образовните и медицински институции, така и кај пошироката јавност.
“Тинекс ја продолжува својата пракса да биде одговорен партнер на заедницата и во оваа 2013 година, по повод светскиот ден посветен на лицата со Даунов синдром, преку платформата Тинекс, ти и јас решивме да го помогнеме финансиски секојдневното работење на Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром – Трисомија 21, и со тоа да ја дадеме нашата поддршка во обезбедување услови за остварување на сопствените потенцијали и нивната вклученост во општеството на оваа ранлива група на лица“, изјави Цветанка Христовска, претставник на Тинекс.
Оваа активност е дел од пошироката платформа Тинекс, ти и јас што компанијата ја започна во 2012 година со донација за Институтот по белодробни заболувања кај децата – Козле, за чии потреби се набавени два бронхоскопа и една кардиолошка сонда. Во рамките на оваа платформа, Тинекс ќе реализира проекти од пошироко значење за заедницата и тоа во неколку области како што се спортот, културата, животната средина, здравството и социјално ранливите категории. Средствата за овие проекти компанијата ги обезбедува од продажбата на биоразградливите кеси во маркетите на Тинекс и од сопствените средства.