Локални врнежи и ветер

33

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и ќе бидат проследени со ретки грмежи. Врнежите пообилни ќе бидат во крајните западни и североисточни делови. Ќе дува умерен повремено силен јужен ветер, кој на места ќе достигнува брзина до околу 70 километри на час.

Максималните дневни температури ќе достигнат до 23 степени.