За да бидете атрактивни на пазарот, треба да го познавате својот потрошувач

244
naslovna
Марија Ристовска, маркетинг менаџер во Техномаркет

Техномаркет, како малопродажен синџир за техника, IT производи и апарати за домаќинство на компанијата К&К, ја заокружува 11-тата година од успешно постоење на македонскиот пазар. Марија Ристовска, маркетинг менаџер, зборува за позиционирањето на пазарот, општествено одговорните активности, но најавува и новитети и кампањи за летниот период.

БИ: Техномаркет, малопродажен ланец за техника во сопственост на компанијата К&К, за кратко време се етаблира како препознатлив бренд кога станува збор за технологија од областа на апаратите за домаќинство, бела техника и ИТ опрема. Колкав е предизвикот да се биде дел од пазарот во Македонија и во регионот?

Техномаркет, како малопродажен синџир за техника, IT производи и апарати за домаќинство на компанијата К&К, ја заокружува 11-тата година од успешно постоење на македонскиот пазар. Да се биде препознатлив и успешен бренд во делот на IT производите, апаратите за домаќинство и црна и бела техника е навистина голем предизвик во кој мора да се вложува постојано, без престан. Во сегментот во којшто работиме, техничко-технолошкиот развој се менува од ден на ден. Како што индустријата напредува, така потрошувачот во истиот момент ја добива информацијата за новиот производ. А ние, со цел да излеземе во пресрет на секое барање на секој еден потрошувач, мораме да следиме во чекор се што како производ пласираат сите брендови со кои соработуваме, а тоа е голем предизвик што се одвива во континуитет. Работиме со врвните брендови од оваа индустрија, понудата ја креираме соодветно на пазарот и на потрошувачот. За да бидете атрактивни на пазарот треба да го познавате својот потрошувач, да знаете што му треба и да му го понудите точно тоа со прилагодена цена. Во контекст на тоа оди и улогата на нашите вработени, тие му ја даваат на купувачот потребната информација, нивната постојана едукација, подготовка и комуникациско-продажни вештини е нешто во што е потребно постојано да се инвестира. И на крајот, не помалку важно е постојано нешто да се случува, да имате вести и новини за да кажувате, промоции, акции, специјални понуди. Земајќи ги предвид сите овие параметри кои се дел од нашето секојдневно работење, предизвикот го прават голем, но досегашното искуство покажа дека добро се соочуваме со истиот.

4

БИ: Што е пресудно при изборот кај потрошувачите – цената, квалитетот, гаранцијата на производот или брендот што стои зад него?

За овие 11 години научивме да ги препознаваме барањата на потрошувачите во делот на услугата, достапноста, логистиката, сервисот, како и во делот на перформансите на производите. Токму поради тоа, можеме слободно да констатираме дека кога станува збор за избор на производ од нашите продажни салони, на потрошувачите не им е пресудна само една од карактеристиките на производот што ги споменавте, туку сите карактеристики заедно, сочинуваат пакет врз кој потрошувачот ја носи финалната одлука за својата доверба да му ја даде токму на Техномаркет. Овој пакет на карактеристики секогаш го креираме на начин што во себе вклучува најпристапни цени на пазарот, одличен квалитет со долгогодишна гаранција за истиот и секако, зад конкретниот производ да стои реномиран бренд. Понудата на производи во нашите продажни салони е скроена така што овозможува секој купувач да си го дозволи потребниот производ од нашиот асортиман, а за тоа особено се заслужни акциските намалувања и промотивните цени на производите што ги организираме во континуитет.

БИ: Дали може да издвоите кои се најбараните и најчесто купувани производи во Вашите продавници?

Навистина не би можеле да генерализираме за тоа кои се најчесто купуваните производи од нашите продажни салони, затоа што нивната побарувачка зависи од многу фактори. Еден од клучните фактори, што тука игра важна улога е сезоната. Така, во текот на летниот период повеќе барани се клима уредите, додека нивната продажба е намалена за време на зимскиот период кога најмногу се бараат греалките. Исто така, многу е важна и куповната моќ на потрошувачите, што диктира кои производи и во кој период од годината ќе бидат повеќе барани. Сепак, во Техномаркет се застапени производи што се подеднакво барани во текот на целата година, без кои секојдневието не би можело да се функционира. Тука спаѓа техничката опрема и додатоците за IT производите, како и производите од црна и бела техника, односно телевизорите, фрижидерите и шпоретите. Во секој случај, сите производи од нашиот асортиман го наоѓаат вистинското место, затоа што секогаш се трудиме да ги доближиме до домовите на потрошувачите и со тоа да ги исполниме нивните потреби.

2

БИ: Техномаркет и неговите вработени постојано спроведуваат хуманитарни акции, донации… Дали сте фокусирани на некој посебен сегмент од општеството или делувате онаму каде што има потреба?

За нас, општествено одговорните активности се дел од развојните планови и стратегии и тие котираат високо на приоритетната листа на нашата компанија кога станува збор за области во кои особено треба да делуваме. Нашата цел е да ја подобриме и унапредиме заедницата во која всушност и функционира нашиот бизнис. Посебен дел каде што ја применуваме нашата грижа за заедницата нема, туку делуваме еднакво онаму каде што има таква потреба. Тоа значи дека без разлика дали станува збор за потреба од донации од хуманитарен карактер, поддршка за културни и спортски настани или пак помагање во делот на образованието, науката, заштитата на човековата околина, децата и младите и институциите, ние се трудиме да им излеземе пресрет и да одговориме на нивните барања. Но, не секогаш чекаме оној кој има потреба од помош да се обрати до нас, туку истражуваме и анализираме, за на крајот да излеземе со заклучок дека на одредени сегменти од нашата заедница, помошта и добрата волја им е и повеќе од добредојдена. Ние не ги штедиме нашата енергија, време и ресурси во градењето на трајните вредности на заедницата на која што сите ние и припаѓаме. Се водиме според фактот дека доколку една компанија има цел успешно да функционира ви заедницата, треба и општествено одговорно да делува за заедницата.

БИ: Препознатливи сте по организирањето на најразлични промоции, акции, наградни игри и слично. Дали е во план нешто слично во следниот период?

1Промоциите, акциите и натпреварите се нешто што го спроведуваме во континуитет и тие се неизоставен дел од нашата развојна стратегија. Секој нов месец, со себе носи нови намалувања на цените на нашите производи, во зависност од тоа за кој период од годината станува збор. Како што напоменавме, нашиот тим има задача да ги направи производите достапни во Техномаркет, што е можно поблиску до потрошувачите. Со оглед на тоа што доаѓа летниот период, кога потребата од клима уреди се зголемува, ние го направивме нивниот избор голем, а за возврат на тоа, цените на истите се многу намалени. Во тек е и фото натпреварот што го организираме со брендот Rowenta, преку кој на нашата фан страница избираме најдобри матурски фризури што ќе бидат наградени со интересни и вредни производи. Кога станува збор за Facebook натпреварите на нашата фан страница, нашите фанови можат да очекуваат бројни активности за периодот што следи. Исто така, би сакале и да најавиме дека во моментов подготвуваме еден вистински и голем караван со летни кампањи, во кои ќе ги вклучиме сите градови во Македонија, а истиот ќе има за цел на многу забавен и интересен начин да ги изненади нашите потрошувачи, да им овозможи купување на производи по најпристапни цени и да ја награди нивната доверба со многу подароци.