Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денес ќе ја промовира новата електронска продавница Резервирај ме www.rezervirajme.com, која ќе биде наменета за алтернативен туризам во Република Македонија.
Електронската продавница е во рамки на Проектот за развој и промоција на е-трговијата во Македонија.
Новата е-продавницата ќе биде промовирана во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација.