Бетон ја заврши 2014 година со добивка од над 67 милиони денари

22

beton dg

Градежната компанија Бетон во период од 01.01. до 31.12.2014 година оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 67.162.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Според податоците, претходната 2013 година Бетон ја заврши со добивка од 46.482.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на компанијата се во висина од 2.647.277.000 денари во 2014 година, додека една година претходно тие биле на ниво од 2.652.272.000 денари.