Добивката на Turkish Airlines порасна за 65% во 2015 година

25

turkishairlines

Турскиот национален авиопревозник Turkish Airlines прикажа рекордна нето оперативна добивка за минатата година од 1,01 милијарди долари, што е за 65% повеќе за разлика од претходната година, пишува Хуријет.

Ова е за прв пат, годишниот профит на компанијата да надмине една милијарда долари.

Од Turkish Airlines велат дека приходите од продажба забележаа зголемување, достигнувајќи 9,7 милијарди долари на крајот на годината.

Бројот на дестинации на коишто сообраќа флотата на Turkish Airlines се зголеми од 264 на 284 во последниот квартал на 2014 година, вклучувајќи 49 домашни и 235 меѓународни дестинации во 113 земји во светот.

Исто така, капацитетот на авиокомпанијата е зголемен за 13,6%, бидејќи се опслужени 61,2 милиони патници во текот на годината преку 453.000 летови. Капацитетот на Turkish Airlines се пресметува со множење на слободните седишта со километрите.

EBITDA, односно добивката пред оданочување се зголеми за 24,5%, достигнувајќи 2,6 милијарди долари.

Во Turkish Airlines во овој момент се вработени 47.000 луѓе.