Добри навики за добар директор

33

menadzer-pixabay

Фото: Pixabay

Пред вас е цела година која може да биде подобра од претходната. Како да се постигне тоа? Најпрво промената направете ја со себе, воведете неколку добри навики во вашиот дневен распоред, практикувајте ги и за кратко време ќе ја видите промената и кај другите.

Директни средби со вработените

Барем еднаш во месецот директно зборувајте со вашите вработени. Тие секогаш ќе имаат нешто да кажат, па бидете подготвени да ги сослушате и да им излезете во пресрет.

Ручајте во друштво

Не останувајте сами во канцеларијата, туку еднаш во неделата придружете им се на останатите за време на ручекот. Така оброкот ќе биде позабавен и ќе имате шанса да размените малку повеќе зборови со вработените.

Опуштени петоци

Последниот ден од неделата нека биде забавен. Секој сака на крајот на работната недела да се опушти и расположено да го дочека викендот. Во текот на денот направете нешто невообичаено и интересно, и истото нека стане пракса за секој нареден петок.

Награди за вработените

Секогаш кога некој одлично ќе си ја заврши својата задача, наградете го. Мало внимание од ваша страна ќе значи многу за вашите вработени.

Клиенти во посета

Донесете ги клиентите во вашата канцеарија. Нема потреба да бидете мистериозни. Така само повеќе ќе ги доближите до вашата работа и тоа ќе биде поен плус за вас.

Часови без мејлови

Вечерните часови нека бидат без праќање на мејлови. Иако имате нешто важно, сепак тоа може да почека до утрото. Секој заслужува да биде дисконектиран од работата во вечерните часови.

Бидете на време

Обврските се секогаш повеќе отколку што можете да постигнете. Но, сепак потрудете се да бидете на време. Штом другите веќе тоа го прават за вас, заслужуваат да го почитувате тоа.

Прашувајте

Никогаш не се знае од каде ќе дојде добрата идеја. Затоа прашувајте, барајте совети, консултирајте се со вработените. Повеќе глави секогаш мислат подобро од една.

Разредете го распоредот

Откажете се што не е приоритетно и оставете малку повеќе време за креативно размислување и планирање. Нека квалитетот биде на прво место.