Донесена одлука за 19 емисија на обврзници за денационализација од 11.500.000 евра

142

На вчерашната седница Владата донесе Одлука за Деветнаесетта емисија на обврзници за денационализација во висина од 11.500.000 евра за реализација на вкупно 800 решенија за денационализација кои се правосилни во периодот од 01.01.2019 година до 31.12.2019 година на кои им обезбедено правото за надомест во вид на обврзници.

Обврзниците за денационализација се издаваат со рок на достасување од 10 години и со каматна стапка од 2% годишно. Исплатата на обврзниците се врши еднаш годишно на 1 јуни секоја година, а исплатата на обврзниците за денационализација од деветнаесеттата емисија ќе започне од 2021 година, стои во владиното соопштение.

Фото: Pixabay