Ferrero си ја пробува среќата во нов бизнис

742

Најбогатото семејство во Италија, во чија сопственост е Ferrero Group, под чија “капа“ се брендовите Ferrero Rocher, Nutella и Kinder, одлучија да се насочат и кон производство на бисквити, покрај тоа што основната дејност им е производство на чоколадни производи, пишува Блумберг.

Овој нов сегмент за Ferrero инаку има вредност од три милијарди долари.

Синот на Микеле Фереро, Џовани, кој е претседател на групацијата, го презема овој чекор уште минатата година, преку купување на данскиот производител на бисквити Kelsen Group, за 300 милиони долари.

Овој потег на Ferrero е уште еден во низата примери на богаташи кои го диверзифицираат ризикот преку инвестиции во различни сегменти.

Таква практика имаат некои од најбогатите луѓе во светот, како што се Ворен Бафет или Амансио Ортега.

Фото: Pixabay