Годишниот просек на издатоци на работодавач по вработен изнесувал 545.015 денари во 2020 година

79

Според податоците на Државниот завод за статистика, годишниот просек на издатоци на работодавецот по вработен во Република Северна Македонија во 2020 година изнесува 545 015 денари.

Најголем годишен просек на издатоци на работодавецот по вработен во Република Северна Македонија има во секторот Информации и комуникации и изнесува 958 664 денар.

Во 2020 година, годишниот просек на издатоци на работодавецот по фактички одработен час во Република Северна Македонија изнесува 306 денари. Вкупниот годишен просек на фактички одработени часови по вработен во Република Северна Македонија изнесува 1 780 часови.

За обработката на податоците од истражувањето Анкета за цената на трудот во 2020 година се користени административни податоци од Управата за јавни приходи и од Агенцијата за вработување.