Групацијата Триглав со раст на нето добивката за 23,3%

3

triglav

Во првите шест месеци од 2014-та година, во споредба со истиот период лани, Групацијата Триглав оствари пораст од 23,3% во нето добивката, која изнесуваше 56,3 милиони евра и бруто полисирана премија од осигурување и соосигурување во износ од 487,8 милиони евра, односно 1,7% помалку во однос на истиот период минатата година.

“Во 2014-та година Групацијата Триглав продолжува со имплементација на зацртаната стратегија, фокусирајки се на основната дејност на осигурување, како и максимизација на профитабилноста и безбедното работење. И покрај неповолните услови за работа и вонредните случаи на штети, Групацијата Триглав и матичното друштво имаа добри перформанси и го задржаа високото ниво на финансиска стабилност. Деталите за остварените резултати, согласно финансискиот календар на компанијата, ќе бидат објавени на 22-ри август, 2014-та година“, стои во соопштението од компанијата.