Хрватска со кампања за привлекување на дигитални номади

21

Хрватска е една од првите членки на Европската унија што регулира едногодишен привремен престој за дигиталните номади.

Хрватскиот национален туристички одбор започна нова промотивна кампања: Croatia, your new office! (Хрватска, твојата нова канцеларија), со цел позиционирање на Хрватска како привлечна и добро подготвена дестинација за дигитални номади.

Рекламната кампања, покрај ПР и медиумските активности, ќе се спроведува и на Facebook и Twitter, со посебен фокус на пазарите на САД, Канада и Велика Британија. Како дел од кампањата на веб страницата croatia.hr, заедно со Министерството за туризам и спорт, беше создадена посебна потстраница Croatia your new office на англиски јазик, која ги содржи сите важни информации во врска со апликациите и престојот на дигиталните номади во Хрватска.

Хрватскиот парламент го донесе Законот за странци, според кој на дигиталните номади може да им се одобри привремен престој во земјата до една година.

Списанието Forbes неодамна објави напис во француските и американските изданија за Хрватска како пожелна и отворена дестинација за дигиталните номади.

Фото: Pixabay