И Србија ќе воведува личен банкрот

78

sr

Презадолжените Срби од јуни ќе можат да прогласат личен банкрот. Според најавите од Народна банка на Србија, со помош на ММФ, Светска банка и Европската банка за обнова и развој ќе се обидат да ги решаваат сè поголемиот број случаи на проблематични заеми. Во Србија моментно се блокирани сметките на 213.983 граѓани, па новото решение би можело да ги спаси од должничкото ропство, пишува Вечерње новости.

Прогласувањето личен банкрот не значи бришење на долговите. Должникот, кој веќе не може да ги отплаќа ратите, ќе може под одредени услови предвидени со закон, да прогласи личен банкрот, со што работењето со неговите финансии го презема стечаен управник (старател). Стечајниот управник (старателот) има задача да ги намири доверителите и да го репрограмира долгот на одреден период. Законот пропишува колкав е минимумот со кој располага старателот за враќање на обврските, а колку пари му остануваат на должникот за да може да ги врши основните егзистенцијални потреби.

Прогласувањето личен банкрот не значи дека должникот ќе биде ослободен од обврската, туку нема да биде финансиски уништен и ќе му се пружи можност да почне со отплата и да ги врати обврските.

Во европските земји личен банкрот подразбира репрограмирање на долговите после одредено време и тоа во согласност со можносите на должникот. Во регионот, закон за личен банкрот веќе има донесено Словенија, уште кон крајот на 2008 година. Во Словенија личен банкрот може да побара должник, доверител или работник во фирма што не исплаќа плати. Откако е воведен, секоја година личен банкрот бараат околу 1.000 луѓе. Во Хрватска предлог законот за стечај, кој ќе овозможи личен банкрот е во завршна фаза. Личен банкрот ќе можат да побараат сите кои најмалку три месеци не се во состојба да ги подмират своите долгови повисоки од 30.000 куни (4.000 евра), но и оние кои извршуваат самостојна дејност, а немаат повеќе од 20 доверители и долговите не им надминуваат 100.000 куни (13.130 евра). Низ банкротот ќе ги води старател именуван од страна на држава. Управникот може должникот да го пресели во помал стан, да му го продаде автомобилот, мобилниот телефон, сè што смета за луксуз и што смета дека не треба да го има додека не го отплати долгот. Финансискиот минимум, со кој банкротираното лице треба да живее месец дена, во период од неколку години е 800 куни (105 евра).

Иницијатива за воведување на ваков механизам има и во Босна и Херцеговина.