Италија, Шпанија и Полска добија 17 милијарди евра од ЕУ за зачувување на работните места

47

Европската комисија (EK) им исплати на Италија, Шпанија и Полска вкупно 17 милијарди евра во првата транша од поддршката за земјите членки на Европската Унија (ЕУ) со цел за зачувување на работните места.

Италија доби 10 милијарди евра, Шпанија шест милијарди, а Полска една милијарда евра.

Финансиските средства ќе помогнат за покривање на трошоците што се директно поврзани со финансирање на националните шеми за скратено работно време и други мерки кои се воведени како одговор на пандемијата на Ковид-19, особено за самовработените.

Останатите исплати ќе се вршат во текот на следните месеци, по издавањето на соодветните обврзници со кои ЕУ се задолжува на меѓународниот пазар на капитал.

Фото: Pixabay