Како да ги потенцирате меките вештини во вашата биографија

37

vestini-1-pexels

Фото: Pexels

Меките вештини имаат важна улога при процесот на вработување. Работодавачите не бараат “роботи“ кои само ќе ја извршуваат зададената задача. Тие имаат потреба од луѓе кои може позитивно да влијаат на компаниската култура и да видат што се крие зад аголот. Затоа работодавачот се труди да ги открие меките вештини кои ги поседува личноста, а кандидатите треба да ги интегрираат во нивната биографија, пишува Аниш Мајумдар, извршен директор на ResumeOrbit.

Идентификувајте и потенцирајте ги најважните меки вештини

Меките вештини се како десерт – квалитетот е поважен од квантитетот. Првиот чекор е темелно да ги идентификувате меките вештини коишто ги бара работодавачот и да потенцирате дека ги поседувате.

Интерперсонални вештини: способност да работите во тим, соработка со колеги и решавање на конфликти.

Менаџерски вештини: организација, планирање и постојано преземање на иницијативи од почеток до крај.

Справување со проблеми: употреба на креативност, логика, работно искуство, достапни ресурси за решавање на проблеми.

Наведете ги големите постигнувања

Наведување само на бројки во вашето резиме може да го убеди работодавачот дека сте “сигурен“, но ако до тие бројки ги наведете и меките вештини, тогаш вие станувате посебен кандидат. Наведете на какви проекти сте работеле и како сте ги завршиле.

Ситуација: со каков проблем сте се соочиле.

Задача: што била целта.

Акција: кои конкретни чекори сте ги презеле за да се постигне целта.

Резултат: раскажете повеќе за вашите позитивни резултати.