Како да препознаете менаџер “контролор“

19

biznis

Фото: Pexels

Без разлика колку сте организиран, активен, совесен или ефективен како работник, секогаш постои можност да наидете на менаџер “контролор“ кој само чека да направите грешка и да го избрише сè она што сте го направиле. Ваквиот менаџер предизвикува непријатни ситуации во канцеларија, а одењето на работа може да го направи неподносливо. Од друга страна, работењето со менаџер со лидерски вештини може да биде инспиративно и предизвикувачко. Овие неколку знаци ќе ви покажат дали работите со менаџер “контролор“.

Го користат стравот за ги постигнат целите

Менаџерот што контролира има тенденција да ја користи неговата моќ за да ги постигне своите цели. Иако моќта е важна, ефективните лидери знаат дека тоа е алатка што треба повремено да се користи. Кога настанува конфликт овој менаџер мисли дека агресијата е сигурен начин за разрешување на конфликтот. Во секој конфликт сакаат да излезат како победници, а за разлика од нив лидерите користат различни начини за решавање на конфликти и соработуваат за да најдат подобро решение.

Мислат дека знаат  сè

Менаџер што сака да контролира претпоставува дека знае сè. Тој никогаш не бара мислење од неговите колеги и не прави истражување пред да се донесат важни одлуки. Спротивно од нив, лидерите бараат совети и препораки од колегите.

Доминираат на состаноците

Состаноците се многу важни за да се заврши работата. За жал, многу менаџери ги немаат научено вештините за ефективно одржување на состаноците. Тие само викаат и делегираат работни задачи на вработените. Ароганцијата е типична за менаџерот што само контролира. Идеите од колегите секогаш ги игнорираат. За разлика од нив, вистинскиот лидер ја знае важноста за одржувањето на состаноците и сака да го слушне мислењето на сите присутни.

Се фокусираат на краткорочни цели

Менаџерот “контролор“ се фокусира на краткорочни цели и не го интересираат долгорочните потреби на компанијата. Лидерите имаат сосема поинаква перспектива, тие почнуваат од долгорочните цели. Долгорочната перспектива значи поголем интерес за нови идеи и помал интерес за микро управување.

Не знаат да работат во кризни моменти

Менаџерот кој се фокусира на контролирање не знае да се справува со кризни периоди. Тие немаат способност да се соочат со неочекуваните ситуации во работата. Многумина од нив се “замрзнуваат“ во такви моменти. Лидерот знае дека животот е полн со предизвици и непредвидливи ситуации. Тие остануваат фокусиран,  грижејќи се за својот тим и изнаоѓаат решенија. Работењето со лидер дава поголемо чувство на доверба.