Како да знаете кога е вистинскиот момент да го препуштите семејниот бизнис на следната генерација?

45

sl

Втората македонска конференција под наслов Предизвици на транзицијата на семејните бизниси ќе се одржи на 29 јуни 2016 од 09 до 17 часот во М6 Едукативниот центар во организација на ClearView бизнис тренинг центарот.

Како да знаете кога е вистинскиот момент да го препуштите управувањето на следната генерација? Што треба како основачи да им пренесете на наследниците? Кои се вистинските чекори? Какви знаења и вештини треба да поседуваат наследниците пред да го преземат управувањето на компанијата? Како да изградите култура на компанија која ќе влијае позитивно на сите вработени? Како да ги инкорпорирате позитивните семејни вредности во компанијата? Како да дојдете до свеж капитал за вашата следна инвестиција? Кои се опциите? Ова се дел од прашањата на кои ќе се одговори на конференцијата.

По успешно организираната Конференција за семејни бизниси минатата година, каде учество зедоа повеќе од 120 посетители, Clear View BTC по втор пат ја организира единствената конференција од ваков тип, на која ќе се разговара за влијанието на основачот на културата на компанијата, какви знаења треба да поседуваат наследниците пред да го наследат управувањето на компанијата и како да се дојде со свеж капитал во семејните компании. На конференцијата посетителите ќе научат колку е важна културата на компанијата како една од 5-те клучни варијабли за професионализирање на односите помеѓу семејството и компанијата. Ќе научат дека треба да прават јасна разлика помеѓу трансферот на сопствеништвото и трансферот на менаџирањето на компанијата. Најчесто младите (наследниците) ги очекуваат двата типа на трансфер во пакет, но не е така и не треба да биде. Пред да се препушти управувањето на компанијата на следната генерација, сопствениците треба да бидат сигурни дека наследниците ги имаат потребните вештини и знаења. Вo третиот дел на конференцијата ќе се објаснат неколку опции како да се стигне до финансиски средства за идни инвестиции за развој на семејните бизниси.

На панел дискусиите кои ќе се одржат во рамки на конференцијата, ќе можат да се слушнат еминентни претставници од бизнис заедницата – г. Сашо Наумоски од Витаминка, г. Муарем Муртезани од Алма М, г. Златко Леов од Леов компани, г. Филип Смилковски од Индустри сервис, г. Крсте Блажески од Инекс Дрим хотели, г.Симон Ендровски од Bella, г. Виктор Мешков од СЕАФ и СПМГ, г. Дејан Стаматов од Стопанска банка…
На конференцијата како гости ќе бидат присутни основачи и сопственици на приватни компании, професионални менаџери, наследници на компании, членови на семејни бизниси.