Унгарскиот авиопревозник Wizz Air планира оваа година да ги излиста своите акции на Лондонската берза. На тој начин компанијата планира да дојде до свеж капитал.
Од 80 точки колку што има декретот, најважна е ставката со која повеќе никој нема да може да биде исфрлен од станот затоа што е должен.
Исланд официјално се откажува од Европската унија, изјави министерот за надворешни работи Гунар Браги Свенсон пред ЕК. Тој додаде дека двете партии кои ја сочинуваат новата влада биле за откажување од преговорите со ЕУ, а граѓаните ги поддржале на изборите.
General Motors од следната година ќе започне со монтажа на Opel Corsa во Белорусија. Во првата година ќе бидат произведени 7.000 возила кои ќе бидат наменети за рускиот, белорускиот и казахстанскиот пазар.
Турските серии пред пет години се продаваа во просек по 4.000 долари по епизода, а сега достигаат неверојатни 150.000 долари по епизода.
По пивото, водата и соковите, во лименки ќе се продава и вино. На ваква идеја дојде француската компанија Winestar, која на пазарот во Франција исфрли три видови вино.
Во Франција денеска се откажани преку 1.800 летови поради штрајкот на контролорите на летање, кои се спротивставуваат на плановите на Европската комисија за либерализација на цивилниот воздушен простор.
Францускиот воздухопловен синдикат планира да штрајкува од вторник до четврток, а авиопревозниците ќе мора да го намалат бројот на летови на големите аеродроми, објави француската управа за цивилно воздухопловство.
Истанбул Шопинг Фест (ISF), кој се одржува помеѓу 8 и 30 јуни, се очекува да привлече 1,1 милиони странци кои ќе потрошат преку 200 милиони евра.
Во исто време се повлекува и Пер Лудвигсон (70), директорот на Интер Икеа Холдинг, а на негово место доаѓа најмладиот син на Кампард, Матиас Кампард (44).
Германската ИТ компанија SAP планира до 2020 година да вработи 650 лица со аутизам, затоа што, како што велат од компанијата, сакаат да работат со луѓе кои размислуваат поинаку.
Малите “влакненца” со кои ќе биде обложена висококатницата се безбедни за птиците и за човекот и се многу тивки во однос на конвенционалните турбини на ветер.
Еврокомесарот за нови технологии Нили Крос побара до следната пролет да се укине роамингот меѓу земјите членки на Европската унија и да се забрани блокирање на некои услуги како Skype.
Започна изградбата на третиот мост на Босфорот кој ќе ги поврзува азиската и европската страна на Истанбул. Новиот мост ќе го носи името Јавуз Султан Селин, по отоманскиот султан кој владеел од 1512 до 1520 година.
Германскиот дневен весник Билд најави дека од следниот месец ќе почне да наплаќа за одредени текстови објавени на интернет страната. Повеќето текстови ќе останат бесплатни на интернет, но ќе биде потребна претходна регистрација за да може да се читаат.
Француската банкарска група Сосиете женерал (Societe Generale) го отпушти Владимир Голубков, главниот извршен директор на руската единица Росбанк, откако беше обвинет за корупција.
Британскиот гигант од областа на мобилна телефонија Vodafone соопшти дека годишниот нето профит паднал за 90% поради големите трошоци во презадолжените земји како што се Италија и Шпанија.
Група поранешни вработени од финска Nокиа, кои дадоа откази поради одлуката на компанијата да се откаже од оперативниот систем MeeGo во корист на Windows, го претставија сопствениот паметен телефон.
Ford Fiesta е најдобро продаван мал автомобил во март и во првите три месеци од 2013 година, според најновите податоци од светскиот водечки давател на автомобилски податоци и известувања, JATO Dynamics.
Европската комисија тврди дека со забраната за служење на маслиново масло во бокалчиња и во мали садови за макање, ќе се заштитат потрошувачите, ќе се подобри хигиената, но ќе се заштитат и произведувачите на маслиново масло.
Вработените во турскиот национален авиопревозник Туркиш ерлајнс денеска стапија во штрајк поради спорот со управата околу колективниот договор. Според информации од компанијата, засега нема пореметување во авиосообраќајот.
Европската комисија покрена истрага за работењето на неколку големи нафтени компании поради сомневање дека заедно ги договарале цените на пазарот повеќе од една декада. Меѓу компаниите против кои се води истрага се BP, Royal Dutch Shell, Platts и Statoil.
Комисијата ги разгледува следните можни четири сценарија за иднината на евроцентите: статус кво, намалување на трошоците за нивна изработка, брзо повлекување, постепено повлекување.
Со исплатата на последните 421 милиони долари, од вкупно позајмените 23,5 милијарди долари, Турција ќе биде без долгови кон ММФ за прв пат во последните 19 години.