Причина за отповикување на производот е поради наод на туѓо тело (стаклено фрагменти).
Вкупните приходи на Буџетот на РСМ (централeн буџет и фондови) за периодот 2022-2026 година се планирани во висина од околу 31,3% од БДП.
Апликацијата CommonPass е создадена од мрежата CommonTrust и Светски Економски Форум, во рамки на проектот The Commons Project, со цел воспоставување на интероперабилна платформа за взаемно признавање на вакциналните потврди и лабораториските тестови за Ковид-19 меѓу државите.
Вкупниот буџет изнесува 30 илјади евра, колку што е и максималниот износ за финансирање на поединечен предлог проект. ФИТР обезбедува 49% од средствата, додека останатите 51% се од Рош Македонија.
ЈП Билјанини ивори започна со наплата на паркирањето според сезонска тарифа на јавните паркиралишта во градот.
Клучни елементи на среднорочната фискална политика го претставуваат редизајнирањето на буџетската политика и фискална консолидација, кои се во насока на поддршка на макроекономската стабилност, забрзување на економскиот раст, а со тоа и зајакнување на потенцијалот за раст на домашната економија.
Денеска е префрлена втората транша со износ од 80 милиони евра, од вкупно 160 милиони евра макрофинансиска помош од Европската Унија за надминување на кризата предизвикана од коронавирусот.
Нискобуџетната авиокомпанија Визер денеска објави дека постепено се отвораат седум линии до четири дестинации од двата македонски аеродрома. Првиот од обновените летови беше на 23 мај.
Едукативната програма “Интернетот не е само игра...Кликај безбедно!“ е добитник на признанието во категоријата “Однос кон заедницата”, што го доделува Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија.
За секоја активност: трчање, пешачење или возење велосипед, секој кој ја користи апликацијата собира HalkCoins за кои, во зависност од бројот, освојува подароци и други бенефиции.
За Северна Македонија ова е втората и последна транша од предвидените 160 милиони евра макроекономска помош.
Највисока стапка на слободни работни места од 4,98% има секторот Градежништво, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,15%.
Унапредување на социјалниот дијалог, подготовка за Законот за работните односи на транспарентен начин со вклученост на сите засегнати страни, како и развојот на социјалното претприемништво.
Овој износ е резултат на зголемена реинвестирана добивка и сопственички капитал (за 95,5 и 33,9 милиони евра, соодветно), при намален меѓукомпаниски долг за 103,7 милиони евра.
За работа во странство се подготвуваат и градежните инженери и архитектите кои и покрај завршениот факултет, но и работењето во секакви временски услови имаат месечни примања во износ од околу 30.000 денари.
Од клучно значење се цените на примарните производи на светските берзи, зашто најголемиот дел од потрошувачката кошница отпаѓа на храната и енергијата.
Во далечната 1945 година, на први јуни е формиран Македонскиот федерален статистички уред. Статистиката во Народна Република Македонија е организирана како самостојна управно-стручна служба на Владата на НР Македонија.
Чистата добивка остварена во 2020 година, во износ од 15.245.682 денари се распоредува на: резерва за сигурност (законски дел) во износ од 5.081.894 денари и инвестиции во износ од 10.163.788 денари.
Санува збор за најголемите компании во земјата, кои покриваат 80 проценти од пазарот со нафтени деривати во нашата држава.
Во април 2021 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,58% и оствари минимален месечен пад од 0,01 (процентни поени - п.п.), додека на годишна основа е намалена за 0,28 п.п.
Бројот, пак, на работници во индустријата во периодот јануари - април оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 3,1%.
Според седиштето на претпријатијата, најголем извоз во 2019 година е регистриран во Скопскиот Регион, 56,3%, а претпријатијата од овој регион имаат остварено и најголем увоз, 68,5%.
Поради кризата дел од вработените во секторот ја променија својата професија и како што рече, станаа гипсари, монтери, таксисти, поточно поминаа во секторите транспорт и градежништво.
Со потпишување на меморандумот двете страни ќе се заложат заеднички да реализираат активности кои ќе придонесат за подигнување на јавната свест за правото на заштита на личните податоци на членовите на асоцијацијата – компаниите.











