Золемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 13,2 %, а реално за 9,8 %).
Рокот за апликации е во тек и трае до почетокот на март, а првите обуки ќе се одржат од 27. до 30.март оваа година во М6 Едукативниот центар во Скопје.
Тоа е заградена мини зоолошка градина каде што ќе има мали безопасни животни и каде што децата во присуство на Зоо негувател ќе може поинтеркативно да се запознаат со животните, да си играат и да се фотографираат со нив.
Наведувањето на децата на добро сообраќајно поведение значи нивна заштита во понатамошниот живот.
На работилницата, која беше реализирана во соработка со Домот за деца без родители 11 Октомври во Скопје, учествуваа десет деца кои од неодамна се сместени во групни домови.
Концептот е едноставен: Mesh уредите го засилуваат сигналот на вашиот безжичен рутер за да можете да добиете сигурен интернет пристап насекаде во вашиот дом или канцеларија.
Бројот на работници во индустријата во декември 2018 година, во однос на истиот период претходната година, е зголемен за 2,5%.
Советот на Народната банка на Република Македонија денес одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај. Притоа, уште еднаш беше...
Значително намалени каматни стапки за проектот Купи куќа, купи стан, нови поволни модели и прецизирање на условите за добивање на субвенциониран станбен кредит.
Преку своите 65 филијали, 24/7 контакт центарот и со повеќе од 120 лиценцирани застапници во осигурувањето, банката на пазарот понуди најголема продажна мрежа на осигурителни производи.
Дел од Retail park-от ќе бидат добропознатите брендови НЕПТУН, JYSK, LC Waikiki, Sport Vision KFC, ZEGIN
За време на предавањето, од страна на регионалниот директор на ЦЕЕД Јован Маџовски, присутните ќе имат можност да слушнат што значи да се биде бизнис ангел и како можат бизнис ангелите да им помогнат на стартапите и бизнисите.
Вкупно 49 милиони денари се распределени преку договори на 12 невладини организации и асоцијации, за спроведување на проекти со кои ќе се поттикне локалната и регионалната конкурентност во туризмот.
Проектот Развој и реинженеринг на деловни процеси за новиот даночен интегриран ИТ систем е ИПА проект чијашто имплементација Управата за јавни приходи ја започна на први ноември 2017 година.
Индустриското производство во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, е зголемено за 7,9%.
Добивката на компанијата заклучно со 31.12.2017 година беше на ниво од 845.308.000 денари.
Банката нуди и можност за разорочување, односно предвремено повлекување на депозитот со поднесување писмено барање од вложувачот.
На состанокот присуствуваа претставници на 19 локални здруженија и институции кои доставија вкупно 15 предлог-проекти.
Во текот на 2019 година, во делот на управување со проблематичните кредити, согласно направените проекции, се планира наплата на проблематични побарувања од 56 должници во износ од околу 918 милиони денари.
Според ММФ, натамошните напори за постепено зголемување на денаризацијата на депозитите, во комбинација со соодветни макропрудентни мерки на страната на кредитите, може позитивно да влијаат за натамошно зајакнување на отпорноста на финансискиот систем.
Во декември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, се повисоки за 0,1% на месечно ниво, а пониски за 0,8% на годишно ниво.
Се воведува економски најповолната понуда како единствен критериум за доделување на договорите. Примената на овој критериум може да вклучува три различни пристапи: само цената, само трошокот или најдобриот сооднос помеѓу цената и квалитетот.
Едниот банкомат е лоциран во централното градско подрачје на улицата Аминта 3-ти бр.81 (Спроти Клуб на пратеници), додека локацијата на вториот банкомат е на ул. Бутелска бр.40 (Рептил маркет).
Аплицирањето почнува денеска (28 јануари) и ќе трае до 14-ти февруари 2019, а се одвива преку интернет страницата на Нова.











