Членството го официјализираше Советот на Федерацијата на конференција во Малта, која се одржа од 4-ти до 7-ми октомври, каде ИМИ ја презентираше својата работа, како и целите и задачите што ги имаат младите инженери во оваа струкова институција.
Учесниците поминаа низ два циклуси обуки за развој на бизнис модел Канвас, експлицитно дизајниран за социјалните претпријатија, а како резултат на обуките, беа развиени вкупно 17 Business Canvas модели.
VISA VERO кредитните картички Банката ги издава со кредитен лимит во висина до 5 месечни плати, а овие картички се издаваат со можност за купување на рати без камата кај повеќе од 1.000 продажни места во државата и грејс период од 45 дена.
Чистењето на Градскиот парк е втора по ред еко-акција годинава во која учествуваат вработените во Македонски Телеком, како дел од долгорочната компаниска иницијатива #Telekom Goes Green.
Билетите се веќе во продажба преку онлајн сервисот мк тикетс и на билетарата на саемот на Мебел.
Оваа услуга на корисниците ќе им овозможи добивање на бесплатни известувања на мобилните телефонски броеви кои ги имаат доставено до Банката во рамки на контакт податоците.
На натпреварот се претставија 13 македонски старт-ап компании кои со свои решенија и иновации ги изненадија судиите, меѓу кои и главниот оперативен директор на берлинската стартап сцена Бетахаус.
Бројот на учесници беше двојно поголем од минатата година и 1.600 луѓе го исполнија Скопје и бул. Илинден со многу позитивна енергија.
Централниот регистар на Република Македонија ги известува своите корисници, дека денес 08.10.2018 со почеток во 12.00 часот па се до крајот на работниот ден, ќе се врши надградба на системите во Централниот регистар.
Покрај Деловниот центар на Банката, се работи и на целосно ребрендирање на нејзините експозитури и банкомати.
Во рамките на проектот, досега беа поставени 13- активни зони за жителите на Скопје, Охрид, Струмица, Тетово, Прилеп, Штип, Куманово, Гостивар, Кавадарци и Радовиш...
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,2 %, Алкохолни пијалаци за 1,5 % и Безалкохолни пијалаци за 0,4 %, додека намалување е забележано во групата Ноќевања за 0,3 %.
Откако пред неколку месеци ја имаше светската премиера, новиот адут на Ford во Ц-сегментот на возила, Ford Focus сега e достапен и за македонските купувачи.
Максимален CASH BACK во текот на еден месец изнесува 12.000 МКД.
Во моментов е отворен новиот повик за учесници во оваа програма и тоа за групата којашто ќе оди во Чикаго следната пролет.
Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Кругот во кој секој треба одговорно да се однесува е затворен и доколку една од алките затајува, целиот систем нема да функционира.
Од ЈСП потсетуваат дека во викендите и за време на државните празници, возењето со автобусот на линијата 25 е бесплатно за сите граѓани, а истото важи и за сродните лини 25А и 25Б, кои сообраќаат до Средно Водно, а тргнуваат од Стара железничка станица, односно од Дом на печат.
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија е добитник на престижната награда Бренд Лидер 2018 за добрата промоција на најатрактивните дестинации на државата на меѓународниот пазар, а со тоа и големиот придонес кој го има дадено за јакнење на конкурентноста на туристичкиот пазар во целиот регион.
На саемот директно ќе се претстават околу 70 изложувачи со повеќе од 150 брендови од Македонија и од регионот (Србија, Косово, Италија, Бугарија).
По добиеното одобрение од Агенцијата за супервизија за капитално финансирано пензиско осигурување на Р.Македонија, Шпаркасе Банка Македонија стана депозитарната банка Чувар на имот на средствата на пензиските фондови КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд.
Централниот регистар на Република Македонија информира дека на ден 05.10.2018 година (петок) од 16:00 и 06.10.2018 година (сабота) до 12:00 ќе има прекин на услугите за внатрешни и надворешни корисници поради надградба на информатичкиот систем.
Во недела, на 7-ми октомври, во Градскиот парк во Скопје кај Школка традиционално 10-та година по ред ќе се одржи настанот Напред розово.
Проектот со кој се конкурира и кој ќе биде избран, треба да е краткорочен, т.е целокупниот проект или последната негова фаза да заврши најдоцна до 15.12.2018 година.











