Донацијата стартуваше од ОУ Кочо Рацин, а ќе продолжи во преостанатите 75 основни училишта со што ќе бидат опфатени речиси7.000 првачиња во вкупно 10 општини.
Агенцијата ќе зема мостри од храната, а во лабораторија на ФЕИТ ќе се вршат испитувањата на храната што се увезува во Македонија.
Акцијата за бесплатен приклучок трае до 15-ти септември 2018 година. Од 16-тидо 30-ти септември корисниците ќе плаќаат 50% од предвидените трошоци за оваа услуга, а од 1-ви октомври приклучувањето ќе се наплаќа во целост, согласно важечкиот ценовник.
Во рамки на оваа акција, којашто се спроведе во соработка со трговските ланци Веро и Тинекс, на потрошувачите им беа поделени платнени торби како една од еколошки прифатливите замени за неразградливите пластични кеси.
НЛБ Банка АД Скопје ја прошири својата Продажна мрежа со уште една локација во општина Бутел на ул. Бутелска бб.
На седницата беше заклучено дека и натаму постојат ризици и од домашното и од надворешното окружување, при што НБРМ и натаму внимателно ќе ги следи сите економски показатели во контекст на поставеноста на монетарната политика.
Во наредните денови 13.09.2018 и 14.09.2018 можни се краткотрајни прекини.
Цената на промотивните EarlyBird билети е 4.244 денари и важи до 25 септември или до трошење на предвидената количина, по што ќе бидат објавени билети по регуларна цена.
Од вкупно 276 објекти, на 161 (58,3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 115 (41,7 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Дефинирајќи ги податоците како “новото гориво на иднината“, претприемачи, претставници на бизнис секторот и експерти од Македонија, САД и други земји на Балканот, ја разработија проблематиката поврзана со правилно управување на податоците за подобрување на работата и резултатите во бизнис секторот.
Целта на донацијата е преку модернизација на капацитетите да се подобрат условите за образовниот процес во училиштето, како и целосниот квалитет на наставата и работата на персоналот.
Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) го издаде шестиот број на е-билтенот Потрошувачите и храната. 
Проектот е покренат од Американската стопанска комора во Македонија – AmCham, а Цементарница УСЈЕ е една од компаниите кои го поддржаа истиот.
Преку оваа емотивна кампања, Халкбанк всушност оддава признание дека секој еден е еднакво важен, истовремено детерминирајќи ја својата позиција во насока со значењето на името на банката‒ Банка на луѓето.
Меморандумот за соработка, што воедно претставува и пристапување на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство во почесно членство во Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, го потпишаа претседателот на АЕТМ, Д-р Нина Ангеловска и деканот на ФИНКИ, проф. Д-р Иван Чорбев.
На листата објавени се 2.178 должници - правни лица и 2.082 физички лица.
По редовниот ремонт на Блок 2 на Термоелектраната Битола, следуваат ремонтни активности на Блок 3 кои ќе траат до 15 октомври.
ЦДХВ со оваа алатка придонесува кон поефикасно работење и модернизирање на пазарот на хартии од вредност, а миграцијата од off-line во on-line е природен процес, кој што ќе резултира со поевтини услиги за секој корисник.
Започнат во 2017 година, Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем работи на зголемување на продуктивноста на микро, малите и средните претпријатија (ММСП).
Музичката програма на Вино фест 2018 секој ден ќе почнува од 19 часот. Во среда и во четврток ќе трае до полноќ, додека во петок и во сабота ќе завршува во 1 часот наутро.
Во јули 2018, во споредба со јуни 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, остануваат на исто ниво во секторот Рударство и вадење на камен, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0,5 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,9 %.
Врз основа на резултатите од истражувањето, ќе се изберат три најдобри ресторани, три најдобри гостилници, како и три најдобри кафе барови кои постигнале највисок вкупен резултат на испитаните елементи на услугата.
Индексот на трошоците на животот во август 2018 година, во споредба со август 2017 година, забележа пораст од  1,5 %, а индексот на цените на мало забележа пораст за 3,3 %.
Кон желбите за среќен и успешен почеток на учебната година, и оваа година се приклучува Бимилк, подарувајќи им на првачињата ширум Македонија мало внимание за сладок почеток на нивното образовно патување.