Фустеларко Борец со добивка од 6,1 милиони денари ги заокружи деветте месеци од 2018 година

92

Акционерското друштво Фустеларко Борец од почетокот на годината до крајот на септември прокнижи вкупна сеопфатна добивка од 6.144.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на деветте месеци од 2017 година, компанијата евидентираше загуба во висина од 1.977.000 денари.

На крајот на септември оваа година, вкупните приходи од продажба достигна вредност од 158.282.000 денари. Од тој износ, на домашен пазар отпаѓаат 109.354.000 денари, додека реализацијата на пазари во странство изнесуваше 48.928.000 денари.

Основна дејност на компанијата е изработка на амбалажни кутии од картон за комерцијално пакување на производи од различни индустрии.