Американската стопанска комора во Македонија со поддршка на КПМГ Македонија ги публикува во електронска форма ОЕЦД Насоките за трансферни цени за мултинационални претпријатија и даночните администрации, во обид да се поттикне нивната примена во Македонија.
Планската документација за изградба на ТИРЗ Делчево е изработена и усвоена од надлежните органи. Започнатите геомеханички и хидролошки истражни работи продолжуваат според утврдената динамика и се очекува да завршат до крајот на април годинава.
Локалната канцеларија на Мајкрософт Македонија заедно со Фондацијата Метаморфозис денеска го организираат Денот на Мајкрософт кој ќе им биде посветен на невладините организации.
ГИЗ Програмата за регионален економски развој во Македонија (ГИЗ РЕД) денеска ќе ги презентира регионалните проекти што се подготвуваат во рамки на грантовата шема условена со перформанси во износ од 400.000 евра.
Бизнис конфедерацијата на Македонија (БКМ) организираат еднодневна национална работилница на тема Национален и европски социјален дијалог во текстилниот и кожарскиот сектор во компаниите во Македонија.
Поради приклучување на паркот на ветерни електрани Богданци во дистрибутивната мрежа во петок од 5 до 7 часот наутро без електрична енергија ќе бидат населените места во општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци.
За просечен стан од 80 метри квадратни, приклучокот кон оваа мрежа ќе чини околу 100 евра, а над оваа квадратура ќе се доплаќа по 1,25 евра за метар квадратен. Приклучокот за комерцијалните објекти ќе биде по 1,25 евра по метар квадратен.
Изградбата на пречистителната станица крај реката Вардар ќе чини 9,6 милиони евра што ги обезбедуваат владите на Швајцарија, Македонија и Грција.
Прилепска пиварница прославува 90 години постоење на пазарот и изградена препознатливост на брендовите. Овој значаен јубилеј ќе биде одбележан со активности во текот на целата година.
По успешниот почеток на домашниот пазар следеше воведувње на сајтот во Бугарија, а отсега тој е функционален и во Србија. Во следните неколку месеци веб сајтот ќе го обедини и пазарот во Албанија.
Планирано е да вработат најмалку 20 висококвалификувани кадри - програмери од Македонија. Компанијата е позната во ИКТ секторот во областа на сајбер безбедноста и форензичката анализа, а соработува со меѓународни компании како што се ИБМ и НАТО.
Западна Македонија е регион што е своевидна локомотива за развој на стопанството во Македонија е главниот заклучок на тркалезната маса посветена на изработка на стратегија за економски развој на Западна Македонија
Намалување на цените има кај речиси сите групи на лекови, особено кај антинеопластици и имуномодулатори, лекови за висок крвен притисок, аналгетици, антибиотици, антимикробни лекови, седативи, антивирусни лекови, антиревматски и др.
Поевтини цени и побрз и посигурен интернет се очекува со воспоставувањето на заедничкиот јазол за интернет сообраќајот во Македонија MatriX.
За само четири дена, 68 компании поднеле барање за искористување на владината мерка за вработување на млади лица до 29 години со која фирмите се ослободени од плаќање социјални придонеси и персонален данок за работникот.
Кампањата под мотото Шанса за живот почна денеска, а ќе трае до ноември годинава. ОКТА ќе донира пари и дополнително ќе издвојува сума од секоја продажба на гориво на нејзините бензиски пумпи.
Северо-источниот и Источниот, според Мургашанска, се први региони во Македонија, кои ќе добијат европски интегриран систем на управување со отпад со европски пари, преку ИПА фондовите.
Проектните активности ќе се спроведуваат на територијата на Источна Македонија и Западна Бугарија, а целта на проектот е поддршка на мобилноста, адаптибилноста и условите за стручни обуки и преквалификација на луѓето во активни работни години.
Цементарница УСЈЕ во вторникот информираше дека започна со реализацијата на проект за практична обука на учениците од техничките средни училишта од машинска и електро струка.
Промотивната понуда која почна од 15.03.2014, ќе важи за сите поднесени барања до 15.06.2014 година. За корисниците ќе обезбеди 6,5% гарантирана годишна каматна стапка за првата година и 100% попуст на административните трошоци.
Македонските компании кои произведуваат мебел оваа година може да се соочат со тешкотии и неможност за извоз во земјите од Европската Унија (ЕУ), доколку државата не почне со сертификација на шумите.
Позиционирајќи ја општествената одговорност на врвот од агендата на своето делување, Алкалоид склучи ново партнерство со Црвениот крст на Република Македонија, финансирајќи го ребрендирањето на Дневниот центар за дарување крв.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јануари 2014 година, во однос на јануари 2013 година, изнесува 108.0.
На македонскиот пазар се продава квалитетно млеко, особено од домашно производство. Моментно постои дисбаланс меѓу понудата и побарувачката на свежо свинско месо, а извозот на јагнешко бележи благ пораст.