Изработена и усвоена планската документација ТИРЗ Делчево

19

Планската документација за изградба на ТИРЗ Делчево е изработена и усвоена од надлежните органи. Започнатите геомеханички и хидролошки истражни работи продолжуваат според утврдената динамика и се очекува да завршат до крајот на април годинава.
Паралелно со истражните работи течат и тендерските постапки за комплетирање на проектната документација и нејзина ревизија.
“Дел од владината програма за трговско индустрискате развојни зони во Република Македонија е и ТИРЗ Делчево. Со нејзината изградба очекуваме да се ублажи најактуелниот проблем во нашата општина – вработувањето, бидејќи повеќе инвеститори од Турција и од други западно-европски земји пројавија интерес за изградба на производни и преработувачки капацитети, во кои ќе се отворат неколку стотици работни места”, вели градоначалникот на Делчево, Дарко Шехтански.