Право на пријавување имаат сите студенти и дипломци на економски и правни науки кои ги исполнуваат критериумите за учество. Рокот за доставување на апликациите е 7 март 2014 г. Избраните студенти добиваат едногодишни стипендии за усовршување или стажирање.
Јавното претпријатије за државни патишта и оваа година ќе продолжи да работи на рехабилитација и инвестиција на регионалната патна мрежа во Источна Македонија.
Во периодот од 5 до 7 февруари оваа година, македонските компании ќе се претстават на Меѓународниот саем за свежо овошје и зеленчук Фрутлогистика во Берлин, Германија.
WeBSEFF II е дел од регионалната Програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан, која отпочна да се реализира во декември 2013 година. Истата ќе се имплементира во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово, Хрватска и Македонија.
Државиот завод за статистика ги објави индкесите на цените на угостителските услуги во јануари 2014 година, споредбено со декември 2013 година, како и со јануари 2013 година.
48 локации се групирани во 16 групи, што значи дека еден инвеститор ќе треба да гради од две до четири хидроцентрали, а 32 се поединечно понудени. Периодот на концесија е 23 години, од кои три за изградба и 20 концесија за искористување на водата.
Македонија и Албанија, како соседни земји, да имаат заедничка туристичка понуда беше тема на средбата меѓу македонскиот амбасадор во Тирана, Република Албанија, Стојан Карајанов и албанската министерката за Урбан развој и Туризам, Еглентина Ѓермени.
Македонската компанија Урбан инвест ДОО Кавадари, склучи договор од 1,5 милиони евра со бугарската општина Браќа Даскалови.
Најсовремен центар за онкологија и радиотерапија, инвестиција од 12 милиони евра, денеска е отворен во Клиничката болница Аџибедем Систина.
Според вкупниот обем на надворешно- трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија, 50,1% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји.
Воспоставувањето на ред во паркирањето на Пониква, поставувањето на информативни табли се дел од мерките кои треба да се преземат од стана на општините Кочани и Пробиштип во создавањето на услови за развој на Пониква.
Како првата, така и втората хидроцентрала ќе биде изградена според утврдени стандарди без негативно влијание врз квалитетот на водата за пиење која ја користи локалното население.
Зголемувањето за бројот на претставки од граѓани за ДЗЛП е знак дека е зголемена јавната свест за постоењето на правото за заштита на лични податоци, но и запознавање со механизмите кои граѓаните треба да ги знаат за пријавување на повреда на нивните лични податоци.
Центарот за развој на Североисточниот плански регион ќе добие над 7,2 милиони денари за 6 проекти од програмите за регионален развој.
Во следниот период ќе се иницираат засилени инспекциски контроли за заштита на правата на потрошувачите, особено во делот на јавните услуги и малопродажбата, како и формирање нов Совет за заштита на потрошувачи.
Штипското јавно претпријатие Штип проект, го реализираше Деталниот урбанистички план (ДУП) за изградба на новата фабрика за производство на каросерии за автобуси.
Рамковната конвенција за контрола на тутунот усвоен од страна на Светската здравствена организација (СЗО) во 2003 година е штетна за тутунопроизводството во Македонија, предупредуваат од Стопанската комора на Македонија.
Меморандумот е од интерес не само за земјоделците и ветеринарните доктори, туку од него придобивки ќе имаат и останатите граѓани, како трајни потрошувачи.
Општина Дојран објави оглас за доделување на користење на јавни површини за поставување на времени објекти и сезонска опрема во локалитетот Граничен премин во Стар Дојран.
Сите невработени лица и лица со ниски примања од денеска треба да се пререгистрираат во подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување за да можат да ги користат здравствените услуги.
Со неповратни средства и експертиза за изработка на физибилити студија јапонската Влада ќе го поддржи колекторскиот систем за заштита на Охриското езеро.
Министерството за економија првпат преку електронско наддавање додели 26 локации за детални геолошки истражувања. Вкупниот приход, што инвеститорите треба да го уплатат во рок од 30 дена е 35 милиони денари, од кои 27 милиони денари се за општините.
Нотарите и Катастарот на недвижности од Скопје, од денеска почнуваат со електронско работење. Нотарите барањата до Катастарот ќе ги доставуваат по електронски пат со електронски потписи и времен жиг.
Пензиските друштва во земјата еднаш годишно во писмена форма ќе доставуваат до своите членови извештаи за состојбата на средствата на нивните сметки. Извештаите ќе се доставуваат во зелен плик за нивна полесна препознатливост.