Владата со измените на законот не пропишува колкави ќе бидат тие бонуси, туку дека висината и динамиката на нивната исплата ќе се дефинираат со подзаконски акти, односно со одлука на Хрватската народна банка.
Во Прилеп во населбата Точила вчера беше поставен камен-темелник на нова зграда со 76 социјални станови.
Свесни за придобивките и значењето на првата кооператива за млеко Милкооп, повеќе од 15-тина фарми производители на млеко, од неколку реони низ Македонија и официјално се приклучија кон овој систем, станувајќи воедно и партнери и основачи на оваа кооператива за млеко.
Ѕвезда на саемот е најскапиот експонат, жолтиот кабриолет на Мекларен, кој е изработен само во 900 примероци и основната верзија чини 230.000 евра. Се прави по нарачка, рачно, а од моментот на нарачување до испорака се чека околу шест месеци.
Скопска пивара започна со производство на Coca-Cola Zero, со што Македонија им се придружува на повеќе од 100-те земји ширум светот каде овој пијалок е достапен.
Словенечкото осигурително друштво Триглав ги почна првите разговори за купување на удел во Сараево осигурување, пишува Дело повикувајќи се на неофицијални извори.
Градоначалникот на Битола, Владимир Талески и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски вчера посетија нова инвестиција вредна околу еден милион евра во Битола.
Агенцијата за електронски комуникации испрати апел до сите корисници на при-пејд броеви да ги регистрираат своите броеви, заради лична безбедност и за безбедноста на сите граѓани на Македонија.
На овогодинашниот Меѓународниот саем за мебел, кој ќе се одржи наредната недела на Скопски саем, ќе учествуваат 160 директни изложувачи од земјава и странство, а се очекува и зголемен број посетители.
На црногорските произведувачи на месо им е одобрен извоз на месо и месни производи на пазарите на Русија, Белорусија и Казахстан, соопшти црногорското Министерство за земјоделие и рурален развој.
Виното на винарската визба Тиквеш, Chardonnay Limited Edition, од бербата 2012, се закити со сребрен медал на светскиот натпревар Chardonnay du Monde 2013, каде се натпреваруваат најдобрите вина од светот од сортата шардоне.
Германската авиокомпанија Луфтханза денеска откажа преку 670 летови, главно на европски дестинации, поради предупредувачки штрајк на аеродромскиот персонал, пред преговорите со управата околу платите.
Новата Škoda Rapid се закити со престижната светска награда Red Dot за исклучителен дизајн на производот.
Германскиот произведувач на автомобили BMW планира да гради нови фабрики, а во игра за привлекување на тие инвестиции се Чешка, Словачка, Унгарија, Словенија и Хрватска, пишува словачкиот весник Hospodarske Noviny.
Oд Министерството за транспорт и врски информираат дека огласот за изработка на физибилити-студија за развој на гасоводните мрежи низ Македонија е поништен бидејќи и двете понуди не ги задоволиле критериумите.
Хрватската компанија Дукат, членка на Лакталис Група, извести дека има намера да објави понуда за преземање на Љубљанске млекарне, најголемиот преработувач на млеко во Словенија.
Макпрогрес доо од Виница во месец јануари оваа година забележа пораст на извозот за 32% во однос на 2012, а 63% во однос на 2011 година.
Првата индустриска зона Прилеп 1 вчера беше официјално пуштена во употреба преку поставувањето камен - темелник за изградба на печатница.
Престижното списение Global Finance, на Комерцијална банка АД Скопје и ја додели наградата за Најдобра банка во Македонија во 2013 година.
Словенечката централна банка има подготвено проект на можна докапитализација на трите најголеми словенечки банки кој би се одвивал паралелено со програмата за помош и реструктуирање на 30 претпријатија со 30.000 вработени.
Телекомуникацискиот оператор Blizoo, од овој месец ќе нуди голем попуст за сите пакети со три услуги (дигитална телевизија, интернет и фиксна телефонија), достапни за онлајн нарачка.
Државните службеници во Швајцарија во иднина сами ќе си ги чистат канцелариите и ќе го фрлаат и сортираат ѓубрето за рециклирање. Властите на Женевскиот кантон објасниле дека одлуката е донесена поради штедење.
Во организација на Стопанската комора на Унгарија и Амбасадата на Република Македонија, вчера во Унгарија беше одржан Бизнис форум за презентирање на можностите за инвестирање и поширока економска соработка помеѓу Унгарија и Македонија.
Новата Škoda Octavia беше наградена со пет ѕвезди на Euro NCAP тестот за високиот степен на безбедност.