Новости

Бугарија се откажува од плановите за воведување на еврото.
ОКТА, Македонски Телеком, Макпетрол, Лукоил, Витаминка, Гранит, Бетон, Арчелор Митал, Макстил, Алкалоид, ЕЛЕМ, ЕВН, МЕПСО, Фени Индустри, Орка Холдинг, Империјал Тобако, се меѓу рангираните на листата 200 најголеми и најуспешни компании во земјава.
Се забрзува постапката околу докапитализацијата на ЕЛЕМ.
Од 18 до 21 октомври 2012 г., во Охрид ќе биде одржан првиот инвестициски самит за Македонија, на кој се очекуваат учесници од сите континенти од различни бизнис сектори.
Владата одлучи да стартува инвестициски циклус во модернизација на железничката мрежа во земјата со цел зголемување на квалитетот на превозот на граѓаните, унапредување на можностите за остварување комуникација и поддршка на бизнис-заедницата во врска со транспортот на стоки
Потребни се 1,2 милијарди евра за ревитализација на постоечките и изградба на нови енергетски објекти, за енергетско поврзување со земјите од регионот, како и за целосно спроведување на останатите мерки, активности и задачи содржани во Програмата за реализација на Стратегијата за развој на енергетиката
Во Гевгелија по шести пат ќе се одржи манифестацијата на традиционално готвење слатко од зрели смокви Смоквијада 2012.
ЕЛЕМ и консултантската куќа Ациона инженериа од Шпанија, во конзорциум со АВЦ консалтинг од Македонија потпишаа договор за проектирање и надзор на проектот Луково поле.
Скопски Легури е прва компанија во поранешна Железарница која на 9 август доби А дозвола за усогласување со оперативен план.
НЛБ Тутунска банка ја прошири деловната мрежа со нова експозитура на бул. Климент Охридски број 30.
Од 1 септември стартува задолжницата како нов инструмент што го воведува државата. Со овој инструмент приватните компании ќе може да ги наплаќаат побарувањата во должничко-доверителските односи.
Кланицата за живинско месо на компанијата АБС Пилко, од вчера повторно е во функција.
Стопанска банка - Скопје објави дека во првата половина од годинава забележала раст на нето-добивката од 68 отсто во износ од 383,6 милиони денари, односно 6,2 милиони евра.