Forbes Србија, како 37 интернационално издание на американскиот магазин, ќе се печати во тираж од 10.000 примероци, а предвидени се десет изданија годишно.
Српската асоцијација на менаџери (САМ) по трет пат доделуваше награди за најуспешните оваа година, а главната награда Менаџер на годината ја доби директорот на белградскиот хотел Crowne Plaza, Живорад Васиќ.
Wood u се мултифункционални женски чевли, направени од природни материјали, чиј горен дел лесно се менува. Passenger е јакна која може да се трансформира на седум различни начини, а е наменета за луѓе кои постојано патуваат.
Цената на земјоделското земјиште во Бугарија во 2015 година ќе паѓа за 10% до 15% поради слабиот интерес од страна на инвеститорите.
City Boutique Hotel е првиот halal friendly хотел во Босна и Херцеговина, како и во регионот, покажуваат оценките на водечката светска институција за рејтинг на халал стандардите во угостителските објекти во светот – Halal Friendly Travel.
Унгарската влада би можела да ги спои Budapest Bank (BB) и неодамна национализираната MKB Bank, откако ќе го заврши процесот на купување на BB.
ЕПС ќе ја тестира можноста за размножување на miscanthus giganteus (трска), а причина за тоа е што Европа е се позаинтересирана за оваа хибридна трева, која во изминатите пет до десет години ја форсира како нов извор на биогориво.
Хрватската компанија Подравка донесе одлука за запирање на производството во нивната фабрика во Полска, со цел да се направи рационализација на работните задачи и резултати.
На Самитот ќе се разговара за најактуелните светски политички прашања и за економската криза.
Од идниот партнер, Владата бара ширење на сообраќајната мрежа и зголемување на пазарниот удел, докапитализација, учество во обновување на флотата, помош во развој на аеродромска мрежа и понатамошен развој на техничките сервиси.
Странските директни инвестиции во Бугарија во периодот од јануари до октомври изнесуваат 804,9 милиони евра, што е за 38,6% помалку во споредба со истиот период минатата година.
Хрватската компанија Inspecto од Ѓаково, која се занимава со контрола на квалитетот на храна и на земјоделски производи, ќе инвестира 2,6 милиони евра во изградба на најголема лабораторија за контрола на храна во регионот.
Меѓународната кредитна агенција Standard & Poor's (S&P), по втор пат оваа година го намали долгорочниот и краткорочниот кредитен рејтинг на Бугарија за еден степен.
Vitastiq укажува на било каков дефицит во организмот и може да го евидентира статусот на 30 витамини и минерали.
Компанијата во последните неколку години работи со загуба, а од минатата година е ставена на листата 15 претпријатија во државна сопственост кои ќе одат на продажба.
Предлог - законот со кој се бара затворање на трговските центри во неделите и за време на државните празници во Турција, ја вознемири оваа бранша, која тврди дека ваквиот потег ќе резултира со загуба од 8,4 милијарди евра.
Граѓаните штом забележат лош графит на ѕид од зграда или пак доколку е расипано јавното осветлување, ќе можат да направат фотографија, а CityHub ќе ја забележи фотографијата, локацијата од каде што е направена и времето.
Од денеска, авионите на српската национална авиокомпанија Air Serbia летаат од Белград за Загреб секој ден во 7.35 и 18.20, а од Загреб до Белград во 10.05 и 20.40.
Турскиот производител на автомобили Ford Otosan изјави дека потпишал договор со компанијата Avtotor Holding од Калининград за производство на камиони и кабини за товарни возила во Русија.
По преку 10 години успешно работење како дел од компанијата Heineken, Карловачка пивовара продолжува да работи како Heineken Хрватска.
Целта на српската влада е да им се покаже на граѓаните дека иднината е во приватниот сектор, приватниот бизнис и во тоа колку компании ќе се основаат, а не во вработувањата во јавниот сектор.
Најоптимистични се работодавците од секторите транспорт и комуникации, каде очекуваат зголемување на вработените за 19% и финансии и бизнис услуги, 17%.
Реакциите на гостите се позитивни, затоа што сфаќаат дека се работи за добра шега.
Во Сараево вчера се одржа избор на најзначаен инвеститор во БиХ за 2013 година, во организација на Агенцијата за унапредување на странските инвестиции (ФИПА).











