Десет ирачки сателитски ТВ станици ги изгубија лиценците поради промовирање на верско насилство, соопшти ирачката Комисија за комуникации и медиуми.
FAA, сојузната управа за воздушен сообраќај издаде налог со кој официјално од денес завршува забраната за лет на авионите Боинг 787. Дримлајнерите на Боинг беа приземјени на 16 јануари, по неколку сериозни дефекти на акумулаторите.
Американскиот Сенат би можел следниот месец да го усвои новиот данок на онлајн трговија од кој се очекува годишно да се соберат 23 милијарди долари.
Сервисот за електронска пошта на Yahoo во Кина ќе биде затворен до август годинава, како дел од договорот со нивниот партнер во оваа земја, Alibaba Group. Услугата се гаси на 19 август, а Yahoo им советува на своите корисници да преминат на други провајдери, како Aliyun.
Apple соопшти дека приходите во првиот квартал за оваа година изнесуваат 43,6 милијарди долари, со што ги изненади аналитичарите кои очекуваа 42,3 милијарди. Но, добивката на компанијата паднала на 9,5 милијарди долари, во споредба со 11,6 милијарди во истиот период лани.
Од компанијата велат дека на преселба на производството на Mini се одлучиле во согласност со својата “производството го следи пазарот” стратегија.
Американскиот произведувач на авиони Боинг призна дека можеби никогаш нема да дознаат што ги предизвика дефектите на батериите поради кои се приземјени сите дримлајнери 787, јавува BBC.
Американската даночна управа наскоро би можела да ги “консултира” Фејсбук и Твитер профилите на своите даночни обврзници во потрага по нивните финансиски активности.
Полицијата во Санкт Петербург ги претресе куќата и канцеларијата на Павел Дуров, 28-годишен основач на најпопуларната руска социјална мрежа ВКонтакте.
Сингапурскиот аеродром Changi е прогласен за најдобар аеродром во светот за 2013 година, од страна на компанијата Skytrax која ги следи и рангира перформансите на компаниите во авиоиндустријата.
Јапонски Sharp планира да го продаде својот удел во компанијата Pioneer. Sharp со 9,2% е најголем акционер во Pioneer, а сега бара купувач за акциите за да може да ги финансира трошоците за реструктуирање.
Гери Ковакс, главниот и извршен директор на Мозила, компанија која е најпозната по интернет пребарувачот Firefox, се повлекува од функцијата. Ковакс, кој е на чело на Мозила од 2010 година, ќе остане во управата на компанијата.
Бројка од 3,39 милиони автомобили од јапонските марки Тојота, Нисан, Хонда и Мазда се повлекуваат од продажба поради потенцијално неисправно воздушно перниче.
Американската компанија Боинг планира да инвестира преку една милијарда долари во проширување на погонот во Јужна Каролина, каде што се произведува моделот 787 Дримлајнер.
По примерот на Facebook и Twitter, социјалната мрежа LinkedIn одлучи да воведе опција “тагнување”.
Кинеските туристи минатата година потрошиле 102 милијарди долари, со што Кина стана пазар број еден за светскиот туризам во смисол на потрошувачка, надминувајќи ги другите два пазари по потрошувачка, Германија и САД, чии туристи во светот потрошиле околу 84 милијарди долари.
Во обид да ги намали трошоците и да се фокусира на други канали за продажба на своите уреди, Нокиа ја затвори својата најголема продавница во Кина.
Facebook најавува нова апликација Home за Android, која ќе го олесни споделувањето на статуси, слики и информации, односно ќе ги стави луѓето пред програмите.
Информациите што успеале да ги соберат од бројни анонимни извори опфаќаат измами и договори во дури 170 земји, а на листата има имиња на политичари, ѕвезди, криминалци, олигарси, финансиери и многу други.
Американската нафтена компанија Exxon mobil планира да направи најголема пловечка фабрика за течен природен гас (LNG) на светот, покрај западниот брег на Австалија.
Компаниите Хјундаи и Киа повлекуваат од пазарот во САД скоро 1,9 милиони возила поради проблеми со воздушните перничиња и прекинувачите за светлата за сопирачки.
Швајцарската компанија Нестле најави дека ќе инвестира 16 милиони долари во центри за производство на кафе во Кина.
Извршниот директор на Apple, Тим Кук, официјално им се извини на кинеските потрошувачи откако технолошкиот гигант беше подложен на критики во кинеските медиуми за "арогантно однесување" и примена на двојни стандарди.
Индискиот врховен суд го отфрли барањето на швајцарската фармацевтска компанија Новартис да се заштити лекот за лечење на леукемија, Гливек. Во Индија се користи сличен лек од домашен произведувач, кој е 15 пати поевтин.