За акционерите коишто имаат сметки во НЛБ Банка АД Скопје, дивидендата ќе се исплати на нивните трансакциски сметки во Банката.
Носител на словенечката економија се микро претпријатијата што сочинуваат 87,2% од вкупниот број на стопански субјекти, додека малите и средни претпријатија се застапени со 10,7% односно 1,5%
На крај на март 2018 година капиталот на Групацијата изнесуваше 767,8 милиони евра, додека бруто техничките резерви изнесуваа 2.766,2 милиони евра, што претставува раст од 1% за двете категории, споредено со крајот од 2017 година. Групацијата Триглав е финансиски стабилна, добро капитализирана и грижливо управува со ризиците на кои што се изложени матичното друштво, како и останатите 37 друштва од Групацијата.
Милијардерот Сорос и претходно поседувал акции во Tesla, но ги продаде минатата година.
Ликвидноста на компанијата, како резултат на промените во структурата и динамиката на плаќања, остана на рекордно високо ниво, кое и обезбеди на компанијата непречено да ги извршува своите оперативни активности, без притоа да ги употреби кредитни линии кои ги има на располагање.
Македонскиот денар ќе се вбројува меѓу валутите чии пари со пониска апоенска вредност, коишто се и најзастапени во одвивањето на готовинските трансакции, се изработени на најсовремен начин и од најсовремен материјал.
Мултимедијалните пултови ќе бидат отворени од 12 до 20 часот и на нив граѓаните ќе може да се информираат за сите финансиски параметри што се од нивен интерес, а ќе има и презентации на финансиски производи, како и забавна финансиска едукација за најмладите.
Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
Платинум-пакетот услуги на Халкбанк ја вклучува првата Visa Platinum картичка на македонскиот пазар, којашто на корисниците ќе им отвори еден нов свет на безбројни погодности, насекаде низ светот на Visa.
Вкупниот број на пристапи на широкопојасен интернет на крајот од првите три месеци од 2018 година е стабилен и изнесува 187,7 илјади, додека уделот на пазарот на широкопојасен интернет на крајот од првите три месеци од 2018 година е 45,1%, според интерна проценка.
Ова е последен од низата скандали во којшто е вклучен најголемиот заемодавач во Австралија.
Од компанијата очекуваат профитот за целата 2018 година да биде неколкукратно зголемен во споредба со 2017 година.
Граѓаните и фирмите, без да го напуштат своето место на живеење/седиште, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања и сл., како и да ги подигнат сите документи што ги издава Управата за јавни приходи
Реалната потрошувачка на домаќинствата по глава на жител во четвртиот квартал од годината се зголеми за 0,3% 2017, по зголемувањето од 0,7% во третиот квартал од 2017 година.
Акциите на Amazon скокнаа повеќе од 10% што е рекордно високо ниво откако компанијата објави дека приходите се зголемиле за 43% во текот на годината и стигнале до 51 милијарда долари.
Јужнокорејскиот технолошки гигант оствари нето профит од 10,8 милијарди долари во периодот од јануари до март, што е зголемување за 52% во споредба со истиот период минатата година.
Од поединечни пазари најголем пораст е постигнат во Словенија - рекордни 15,3%, по што следува Хрватска со 11,5% раст, и Србија, којашто ја зголеми стапката на 9,4%.
Нето добивката на компанијата за три месеци, заклучно со 30 март, зголемена е на 1,37 милијарди долари или за 32 центи по акции.
Според аналитичарите, најголем удел во зголемувањето на профитот се должи на повисоките цени за онлајн реклами на својот пребарувач Google, на видео сервисот YouTube и на социјалните мрежи.
Банките, кредитните институции и менувачниците отсега ќе мораат да одбегнуваат било каква продажба или купување на дигитални валути.
Рекордната казна се води како една од најголемите казни и скандали во банкарскиот сектор во последните неколку години.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (26,4 %), Транспорт и складирање (11,7 %) и Рударство и вадење на камен (9,9 %).
Овој месец, кај негативните салда на тековните сметки е евидентирано месечно намалување од 1,9%, при годишно зголемување од 0,4%.
Најниски годишни стапки се регистрирани во Кипар (-0,4%), Грција (0,2%) и Данска (0,4%), додека највисоки годишни стапки беа забележани во Романија (4,0%), Естонија (2,9%), Словачка и Литванија ( 2,5%).











