Кога (не) треба да им праќате мејлови на колегите?

25

mejlovi

Фото: Pexels

Колку пати ви се случило доцна да го прочитате имејлот и поради тоа да дојде до поголем или помал застој во производството или да се појават други проблеми во работењето?

Фрустрирачки е кога постојано ви пристигнуваат нови пораки, а од многу работа немате време редовно да ги читате. Во суштината на овој очигледен комуникациски проблеми се јавува прашањето – која е најефективната форма на кореспонденција во работните колективи поврзана со тековните задачи и задачите што може да почекаат?

Прочитајте едноставен систем што би било добро да се примени во секоја канцеларија:

Ако нешто треба да се направи во рок од половина час, јавете му се на колегата

Ако нешто треба да се направи во рок од два часа, испратете SMS порака

Ако нешто треба да се направи во текот на денот, пратете приватна порака (на Gmail chat, FB…)

Ако нешто треба да се направи во рок од неколку дена, испратете e-mail

Електронската пошта не треба да биде главно средство за комуникација во компанијата, токму поради потребата одредени тековни задачи да мора брзо да бидат завршени. Затоа, во согласност од потребата, треба да одлучите кое средство ќе го користите.