Колкав ДДВ плаќа светот, а колку ние?

153

Данок на додадена вредност (ДДВ) претставува општ данок на потрошувачка. Оваа обврска ја плаќаат сите учесници во купопродажните трансакции, што ја пресметуваат во својата цена, а ја наплаќаат од следниот корисник во низата, а ја сноси крајниот потрошувач.

Според Trading economics, земја со највисока стапка на ДДВ во светот е Бутан со 50%.

Топ пет земји со највисоки стапки на ДДВ се и: Унгарија (27%), Хрватска (25%), Данска (25%) и Норвешка (исто така, 25%).

Во земјите од регионот, освен Хрватска, највисока стапка на ДДВ има и Грција – 24%. Потоа следуваат: Словенија (22%), Црна Гора (21%), Албанија (20%), Бугарија (20%) и Србија (20%). Потрошувачите во Македонија плаќаат ДДВ по стапка од 18%. Пониска стапка од кај нас, во регионот, има само во Босна и Херцеговина – 17%. На ниво на Европска унија, стапката на ДДВ е 21,50%.

САД и Оман се земји во коишто стапката на ДДВ е 0%. Земји со ниска стапка на ДДВ се и: Аруба (1,50%), Гуам (2%) и Андора (4,50%).

Фото: Pixabay