Конференција на тема: Женско претприемништво – перспективи

20

Конференција на тема Женско претприемништво – Перспективи ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Здружението на бизнис жени во Македонија, пишува Миа.

Целта е промовирање на женското претприемништво низ различни активности на јавниот и приватниот сектор. Се одржува како дел од проектот Женско претприемништво – мотор за создавање на работни места во Југоисточна Европа.

Најавено е учество на претставници од Здружението на бизнис жени, министерствата за економија и за труд и социјална политика, Сојузот на стопански комори, амбасадите на Хрватска и на Шведска во Скопје, банки, невладини организации, локални самоуправи…