Конкурс за идејно решение за Јака во Илинден

198

Lokalitet-JakaОпштина Илинден распиша конкурс за избор на идеен проект и изработка на основен проект за изградба на семејни станбени куќи на локалитетот Јака. Според одредени критериуми ќе се избираат четири идејни проекти за станбени објекти.

Со конкуросот ќе се овозможи изнаоѓање на модели на семејни станбени куќи кои можат да се применат како типски објекти. Учесниците на конкурсот имаат за задача користејќи ги елементите од современото и традиционалното наследство да предложат модели на семејни станбени куќи со површина од 70-78м2, 80-100м2, 140-160м2, 160-200м2.

Најдобрите ќе бидат наградени со вкупен паричен фонд од 120.000,00 денари обезбеден од општината.

Конкурсот има за цел населбата Јака да добие поубав лик, да се олесни административната работа и да се забрза постапката за издавање на градежни дозволи по електроснки пат.

На инвеститорите ќе им бидат понудени четири различни типа на проекти на куќи со различни димензии, без надоместок во постапката за издавање дозволи за градба.