Корисни совети што ќе ви го зачуваат работното место

25

office

Фото : Pixabay

Непишано правило е дека кога сме на работа не е препорачливо да се дискутира за политика и приватниот живот, а најмалку пак да се озборуваат колегите. Но, дали е тоа доволно? Психолозите откриваат повеќе теми што можат да го доведат вашето работно место до ризик.

Избегнувајте да кажувате колку ви е досадно

Голем дел од состаноците можеби ќе ви се чинат трошење време, но никогаш не смеете јавно да го кажете тоа, ниту пак да му го шепнете на некој колега. Вашиот шеф веднаш ќе забележи дека ви е досадно и дека имате попаметна работа отколку да седите на состанокот и да го слушате.

Не флертувајте со вашите колеги

Нема потреба зошто да коментирате за физичкиот изглед на колегите. Можеби ви се чини дека давате обичен комплимент, но не можете да бидете сигурни како другата страна ќе го протолкува тоа.

Не споделувајте премногу детали со вашиот шеф

Овде важи правилото – колку помалку споделувате, толку подобро. Сепак, не заборавајте да му се забагодарите на шефот што бил доволно љубезен да праша како сте поминале викендот.

Не сум јас крив/а

Не ги напаѓајте другите колеги во обид да се одбраните себе си. Ова однесување покажува и дека не сте доволно зрели за да прифатите конструктивен фидбек.

Не се осмелувајте да му кажете на клиентот дека не му чини идејата

Па дури и да сметате дека вашиот клиент прави голема грешка или ја промашил перспективата, не смеете директно да му кажете дека не му чини планот. Дајте му совет како да го подобри, но немојте да му вршите притисок да ја промени идејата како што вам ви одговара.

Не користете ги колегите како рамо за плачење

Иако можеби сте изградиле добра конекција со нив, сепак вашите колеги се токму тоа – колеги. По разговорот со нив, ќе ви се чини дека сте си ја олесниле душата, но информацијата што ќе ја споделите со колега може да биде потенцијален извор на конфликти на работното место, а тоа не му е од полза никому.