Македонија во јуни со повеќе странски одошто домашни туристи

66
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2022 година изнесува 83 532, од кои 32.3 % се домашни туристи, а 67.7 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во јуни 2022 година изнесува 189 111, од кои 39.0 % се од домашните туристи, а 61.0 % од странските туристи.
Во периодот јануари – јуни 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 75.0 % и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 25.4 %, а кај странските зголемувањето е за 131.3 %.
Во периодот јануари – јуни 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 66.3 % и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 29.0 %, а кај странските зголемувањето е за
109.2 %.