Македонско – унгарски бизнис форум

19

Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Унгарија и Унгарската трговска куќа во Македонија, денеска ќе организира Македонско – унгарски бизнис форум, пишува Миа.

“Македонските компании ќе имаат можност да остварат средби со претставници на реномирани унгарски компании кои се занимаваат со: биотехнологија, машинско инженерство и градежни технологии, земјоделски машини, котли за горење на биомаси и земјоделски отпад, мали хидроцентрали и производство на пумпи и турбини, опрема за одржување на патишта ,„интелигентно“ јавно улично осветлување, обновливи извори на енергија и управување со води, изградба и одржување на градски топлификациски системи, машини за производство во прехранбената индустрија и опрема за зачувување на озонот“, соопшти Стопанската комора на Македонија.

На бизнис форумот ќе присуствуваат Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, Јозеф Бенце, амбасадор на Унгарија во Македонија, Ервин Сел, економски советник во Унгарската амбасада и Мате Курин, регионален директор при Унгарската национална трговска куќа од Будимпешта.