Меѓународен ден на задругарството

17

Македонија е прва земја во регионот која донесе посебен Закон за земјоделски задруги и целосно ги измени и комплетира потребните правилници за негово полесно спроведување.

Интересот за здружување на земјоделците, според Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е се поголем.

“Одговорот за силен, моќен земјоделец е во задругарството, во овој правец треба да се движи македонскиот аграр. Поголемо и поквалитетно производство, сигурен пласман, повисока поддршка од државата и поголем профит, се само некои од придобивките на кооперативното здружување“, е ставот на МЗШВ.

Светот го одбележува Меѓународниот ден на задругарството, воспоставен од Обединетите Нации како првата сабота од јули. Целта е подигнување на свеста кај производителите за кооперативно работење и јакнење на партнерството меѓу интернационалните задругарски движења и други организации, како и влади кои го поддржуваат ваквиот начин на функционирање во аграрот.

Меѓународен ден потсетува што задругите треба да сторат во насока на јакнење на светската економија и социјалниот развој.