Microsoft ќе користи Ethereum блокчејн за борба против пиратеријата

52

Windows и пакетот Office отсекогаш биле на врвот на листата на сите софтверски пиратски платформи. Затоа, не е чудно што Microsoft, сопственик на двата производи, работи на воспоставување мерки против пиратерија. Тоа ќе го стори користејќи блокчејн технологија.

Во новата статија објавена од одделот за истражување на Microsoft, со учество на истражувачи од Универзитетот Карнеги Мелон и Алибаба, софтверскиот гигант проучуваше систем за поттикнување, базиран на блокчејн, за да ги засили кампањите против пиратството.

Како функционира Argus?

Како што покажува насловот на студијата, Argus: A Fully Transparent Incentive System for Anti-Piracy Campaigns, новиот систем на Microsoft се потпира на аспектот на транспарентност на блокчејн технологијата. Изграден на блокчејн Ethereum, Argus има за цел да обезбеди „trustless“ механизам за поттикнување, заштитувајќи ги податоците на оние кои пријавуваат пиратерија.

“Ние го гледаме ова како проблем на дистрибуиран систем“, се вели во документот.
“Надминавме голем број неизбежни пречки во имплементацијата за да обезбедиме безбедност и покрај целосната транспарентност“.

Argus ви овозможува да следите пиратска содржина до нејзиниот извор со соодветен алгоритам за воден печат опишан детално во трудот. Исто така наречен „proof of leakage“, секој извештај за протечена содржина вклучува процес на криење информации. На овој начин, никој освен „информаторот“ не може да ја пријави истата копија со воден печат без всушност да го поседува.

Системот, исто така, има гаранции за намалување на стимулациите за да се спречат информаторите постојано да ја пријавуваат истата протечена содржина под различни псевдоними.

„Со сигурноста и удобноста на Argus, се надеваме дека кампањите за борба против пиратството во реалниот свет ќе бидат навистина ефикасни со преминување кон целосно транспарентен поттикнувачки механизам“, се вели во извештајот.

Детално опишувајќи го прашањето за надоместоците за мрежата на Ethereum, статијата објаснува дека тимот оптимизирал неколку криптографски операции, така што трошоците за известување за пиратеријата се сведени на еквивалентните трошоци за испраќање на околу 14 трансакции на јавната мрежа Ethereum, што во спротивно би изнесувало илјадници трансакции.

Технолошките компании ширум светот стануваат се позагрижени за заштита на интелектуалната сопственост и борба против дигиталната пиратерија. Tech Mahindra, ИТ подружница на индискиот конгломерат Mahindra Group, неодамна лансираше нова платформа за дигитални договори и права базирани на блокчејн на протоколот Hyperledger Fabric на IBM за индустријата за медиуми и забава.