Министерството за финансии ја откажа денешната аукција на државни записи

19

Министерството за финансии нема да ја одржи аукцијата на државни записи, којашто беше предвидена за денеска.

Оттаму велат дека аукцијата е откажа во насока на сведување на домашното нето задолжување по основ на државни хартии од вредност кон нула, со што ќе се остават повеќе ликвидни средства во стопанството за кредитирање на бизнисите.

Ова е седма аукција, што Министерството ја предвиде, но не се одржа. Во септември доспеваат осум аукции за враќање, а согласно календарот предвидени се две нови аукции.