ММФ: Земјите од Западен Балкан заостануваат зад другите земји што се во транзиција

21

mmf

Земјите од Западен Балкан постигнаа големи економски достигнувања во последните 15 години, но мора да го заокружат процесот на транзиција кон пазарната економија за да може да се постават темелите на оддржливиот раст.

Најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) под името Западен Балкан: 15 години економска транзиција покажува дека Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија заостануваат зад другите поранешни комунистички земји кои поминаа низ истиот процес.

Двете главни препораки на ММФ се однесуваат на одржување на макроекономската стабилност и спроведување на структурни реформи. Земјите мора да управуваат со фискалниот дефицит и да го намалат јавниот долг преку инвестиции во извозниот сектор, да ја спроведат потребната приватизација на државните претпријатија и да го подобрат пазарот на труд.