Модерната технологија во функција на подобра продажба

123

sostanok

Фото: Pixabay

Продажбата е многу повеќе отколку само издавање на фактури кон крајните корисници и испорака на добрата и услугите.

За секоја компанија е предизвик како да ги развиваат и подобруваат вештините и техниките на продажба, како да го одберат вистинскиот пристап и комуникацијата со купувачите.

Но, денеска се поголемо внимание се посветува и на современите софтверски решенија кои се една од најважните алатки кои ги користат компаниите во процесот на продажба.

Едно современо софтверско решение на продажните агенти и менаџери треба да им овозможи пристап до релевантни информации за продажбата и купувачите, вклучувајќи:

  1. Обем на продажба – кои се нашите најдобри купувачи
  2. Продажба по артикли/услуги – кои се нашите најдобро продавани артикли/услуги
  3. Следење на продажбата во различни временски периоди
  4. Контролни табли со графички приказ за остварената продажба (пити и графикони)
  5. Историја на продажба

Со програмот за деловно работење Pantheon, компаниите имаат на располагање современи алатки кои ја помагаат продажбата, вклучувајќи:

  1. Изработка на понуди и профактури во најразличен облик, содржина и јазик
  2. Следење на реализираните понуди
  3. Следење на разликите помеѓу нарачано и испорачано
  4. Можност за испраќање на понуди по е-маил, директно од систем

dl 1

Преку системското следење на понудите, комерцијалната служба во компаниите не е оптоварена со непотребна администрација, туку со неколку клика се доаѓа веднаш до податокот за претходните понуди за купувачите, претходните продажби или договорениот ценовник и рабат за купувачите. Посебно ќе ја споменеме можноста за поврзување на Pantheon со е-продавница и директно креирање на нарачките во систем.

Она што Pantheon го овозможува како дополнителна функционалност е можноста за групирање на купувачите и артиклите во различни класификации, па и од тука, менаџирањето на одредени продажни акции или рабатни политики за одредена група на купувачи или артикли, е едноставно и лесно за употреба.

Од напредните алатки на Pantheon, важно е да го напоменеме модулот за Планирање, кој на компаниите им овозможува да составуваат планови за продажба и тоа за различни артикли, групи на артикли и услуги, купувачи, региони и слично. Овој модул на брз и едноставен начин дава слика во која насока се движи компанијата, односно во било кое време може да направиме анализа на планираната и реализираната продажба.

Од тука, со неколку клика доаѓаме до податокот за трендовите во продажбата, односно прегледи на најпродавани артикли и групи на артикли за било кој временски период, следење на маржа – по артикли, класификации, групи на купувачи, и особено важно – по комерцијалисти. Особено важни се прегледите за некурентна залиха, преку кој можеме да видиме за кои артикли имаме слаба продажба, па од тука навремено и организирано да планираме промотивни акции.

Менаџерите за продажба имаат на располагање алатка која им го олеснува донесувањето на одлуките, следење на плановите и таргетите, како и планирање на идните продажни акции и следење на успешноста на продажните агенти. Pantheon овозможува автоматско испраќање на извештаи на е-маил на менаџерите и сопствениците, со главните индикатори за успешната продажба, па така, најважните информации за состојбата на компанијата, на својот мобилен телефон сопственикот ги има секое утро. Посебно ќе ја истакнеме и можноста за следење на податоците во графички приказ преку контролни табли, пити и графикони, што овозможува со еден поглед да ја видиме состојбата во компанијата.

dl 2

dl 3

dl 4