Можат ли фирмите без своја веб страна?

108

Според податоците од Агенцијата за статистика на Босна и Херцеговина, само 62,7% од компаниите имаат веб страна, односно 37% од нив немаат.

Вкупно 87,5% од компаниите кои се занимаваат со поправка и одржување на компјутери и компјутерска опрема имаат своја веб страна, што значи дека 12,5% немаат, пренесува Klix.ba.

Тој процент не е за занемарлив, имајќи ја предвид областа со која се занимаваат. Освен тоа, веб страници во 89% од случаите имаат фирми кои се занимаваат со информирање и комуникации.

Тоа значи  дека секоја 10-та компанија нема веб страница. Еве како стојат работите во останатите сектори: административни и услужни активности за поддршка (66,8%), стручни научни и технички активности (74,9%), недвижен имот (53%), услуги за сместување и храна (58,5%), транспорт и складирање (45,7%), трговија на големо и мало (61,6%), градежништво (54,2%), снабдување со енергија, пареа и вода, како и управување со отпадни води (57%), производство (66,3%).

Фото: Pixabay