Можностите на амбасадите во промоција на извозот и инвестициите

15

Во Министерството за надворешни работи денес ќе се сретнат министерот Никола Попоски и претседателите на стопанските комори.

Во рамки на средбата ќе бидат разгледани можностите за поголемо искористување на дипломатско-конзуларните претставништва во извозната, инвестициската и туристичката промоција на државата.

На состанокот поканети се претседателите на Стопанската комора на Република Македонија, Стопанската комора на северозападна Mакедонија, Сојузот на стопански комори и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ).