Најголемите грешки во мотивационите писма

138

cv

Фото: Pixabay

Мотивационите писма сè уште се важен дел при селекција на кандидатите во процесот на вработување. Затоа од особена важност е тие да изгледаат и звучат онака како што треба.

Печатни и граматички грешки

Комуникациските вештини се оценуваат според тоа како е напишано мотивационото писмо. Доколку има печатни или граматички грешки, ќе одадете впечаток дека сте премногу мрзливи, зафатени или недоволно заинтересирни за да го проверите она што сте го напишале.

Премногу текст

Никој нема време да чита реферати. Доволно е една страна во која можат да се сместат сите потребни информации, кои секако треба да бидат во кратки црти.

Адресирање на погрешна личност

Нема никакво оправдување доколку писмото го адресирате на погрешна личност. Доколку не знаете кому се обраќате, не пишувајте име воопшто. Наведете го вашето име и позицијата за која аплицирате.

Писмото не е прилагодено на компанијата/работната позиција

Генеричките мотивациони писма, односно користење на иста форма (менување само име на компанија и позиција) лесно се препознаваат. Прилагодете го писмото според компанијата и конкретната работна позиција за која аплицирате.

Преголема скромност

Вашите достигнувања претставете ги доследно и со вистинската доза на самодоверба. Немојте да звучите премногу скромно и како да се повлекувате во сенка. Наведете го постигнатиот успех и какви искуства сте добиле од сето тоа.

Преголема самодоверба

Не добро да се биде премногу скромен, но исто така и преголемата самодоверба не е пожелна кога пишувате мотивационо писмо. Многу фалби и акцентирање на вашите способности и вештини можат само да ја искриват сликата за вас, претставувајќи ве како егоистична и дрска личност. Наместо тоа, фокусирајте се на фактите и на она што сте го постигнале. Оставете ги суперлативите.

Премногу објаснувања зошто и како

Кандидатите треба да пишуваат за она што ги интересира во моментот. Работодавачот го интересираат сегашните, тековни информации. Причината зошто сте биле отпуштени или зошто сте дале отказ не е важна.

Наведување на препораки

Чувајте ги препораките за на крај. Мотивационото писмо не е место каде што треба да ги листате препораки кои сте ги добиле. Тие имиња може да имаа големо значење за вас, но за оној што го чита писмото тоа е само непотребна информација.