Не трошат пари, па банки почнуваат да ја ограничуваат сумата на пари на сметка

200

Институтот за германска економија (IW) во Келн пресмета дека потрошувачите во оваа земја потрошиле во просек најмалку 1.250 евра помалку за добра за широка потрошувачка, пишува Deutsche Welle.

Тоа претставува голема дупка во количината на пари што циркулира во оваа земја: 116 милијарди евра, што е за 6,1% помалку трошење на граѓаните отколку во 2019 година и тоа е најголем пад во последните 70 години.

Како што пишува DW, за време на евро-кризата 2008/2009 година економистите предвидоа многу посериозен економски пад на Германија, но беа изненадени. Од сите страни се слушаа црни предвидувања, но Германците продолжија да купуваат. Оваа нација во никој случај не може да биде вклучена во оние што трошат многу, но токму овие трошоци и помогнаа на целата германска економија да ја надмине кризата.

Заштедите на Германците достигнуваат рекордни износи 43% од испитаниците во анкетата на овој Институт и велат дека ќе продолжат да штедат – во нормални околности околу 30%. Дури и за најмилиот трошок на Германците – за одмор– не постојат планови.

Ова е проблем и за банките, а некои штедилници веќе започнаа да го ограничуваат износот што на граѓаните им е дозволен да го чуваат на своите сметки, во спротивно тие треба да плаќаат казнена камата. Лимитот е поставен на 100.000 евра, но веќе се слуша дека некои банки сакаат да го намалат тој лимит на само 25.000 евра.

Кога станува збор за еврозоната, анализата на Deposit Solutions на крајот на февруари покажа дека обемот на заштеди во еврозоната минатата година се зголеми за 48% во споредба со 2019 година.